понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 169
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„Заев е виновен, ниту правда ниту мир, стоп за Заев и мафијата“: Граѓаните со пораки до Заев ја најавија победата на 12 април (ФОТО+ВИДЕО)

„Заев е виновен, ниту правда ниту мир, стоп за Заев и мафијата“: Граѓаните со пораки до Заев ја најавија победата на 12 април (ФОТО+ВИДЕО)

Огромен број на незадоволни и разочарани граѓани од оваа ненародна власт вчера излегоа на протест против неправдите организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Доказ дека народот му покажа црвен картон на лидерот на СДСМ и екс- премиерот Зоран Заев беа насобраните над 20 илјади граѓани.

Транспарентите кои ги држеа граѓаните на вчерашниот протест ја опишува реалноста во нашата држава и вистината за (не)правдата во Македонија, еве дел од нив:

„Заев е виновен“, „ниту правда ниту мир“, „стоп за Заев и мафијата“, „одговорноста доаѓа“, „Заев: Сум се договорил со Јово“, „Вилма- адвокат на мафијата“, „Заев е виновен“, се само дел од написите .

Инаку за време на маршот повторно се пушти и бомбата на ВМРО-ДПМНЕ која беше повод за организирањето на овој собир, а истата можете да ја слушнете од 25:13 минути.

Коронавирус