среда, 22. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Заев е прототип за Пинокио“, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека премиерот лаже и во Македонија и во странство

„Заев е прототип за Пинокио“, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека премиерот лаже и во Македонија и во странство

Не само што лаже во Македонија, туку лаже и во странство, Заев е прототип за Пинокио. Не само што не креирал 100.000 работни места за четири години, туку во последната година Заев предизвика отпуштање на 60.000 луѓе. Тоа што народот се иселува не е и не може да биде намалување на невработеноста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако сите со ниски примања добијат отказ, тоа не значи покачување на просечната плата, туку само зголемување на јазот меѓу богатите и сиромашните. Над 65% од работниците во Македонија земаат плата под 25.000 денари. Тоа е тажната реалност во Македонија поради Заев. Корупцијата ја нагриза државата во сите аспекти. Заев заборави да каже дека нема истрага за него, брат му и братучедите. Главниот обвинет во Рекет, кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Шоферот на Трајче Заев беше фатен како шверцува дрога во акција од американската ДЕА, а Трајче Заев, братучед на Зоран Заев не беше ниту повикан на разговор во МВР, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека правдата во Македонија со Заев е мртва и таа не важи за никој.

-Политички неподобните се шиканирани, а семејството Заеви и ним блиските непречено прават криминал. Заев треба да каже дека 111-то место на листата за перцепција на корупција се должи на него и на неговото семејство, на рекетот на Вице, на лиценците на Трајче и на туцињата пари во торба на Ден Дончев. Со Заев нема правда, уште помалку европски просперитет. Потребно е Заев да си замине, за државата да тргне напред, се наведува во партиското соопштение.

Коронавирус