недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 67
home Вести

Заев е премиер, судија и обвинител- поделбата на власта е само формална

Заев е премиер, судија и обвинител- поделбата на власта е само формална

Зоран Верушевски е мој советник за национална безбедност и јас со него како и со сите мои советници сум во постојана комуникација, изјави вчера премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање за тоа од каде тој знае дека на следното сведочење на рочиштето за Таргет-Тврдина, Верушевски ќе ги разјасни работите што се отворија во јавноста на претходното негово сведочење.

-Секако дека е точно дека материјалите му се предадени на господинот Верушевски како што кажаа Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски, но тие формално правно се предадени на СДСМ, а се примени преку господинот Верушевски, а јас тогаш веќе бев лидер на СДСМ, посочи премиерот.

Изјавата на Верушевски во врска со модифицираноста на „бомбите“, Заев ја поврза со разочараноста што некој го вовлекувал СЈО во „Рекет“, како и истекувањето на „бомбите“ како случајот со Ел Чека.

-Ниту еден од обвинетите во кој било од случаите не ги оспорува бомбите, и форензиката ја покажа самата автентичност на материјалите, рече премиерот.

Заев додаде дека треба да се остават процесите да течат, сведоците да сведочат, обвинетите да си ја градат својата одбрана. Во врска со можноста оваа недела да се одржи нова лидерска средба за Законот за ЈО, Заев истакна дека тој е подготвен за нов обид за усогласување на ставовите доколку се утврди дека тоа е потребно и оти има услови таа да се одржи.

-Земјите членки на ЕУ особено оние кои будно ги следат предметите на СЈО, како и неговата иднина потврдуваат дека е добро што е гарантирана иднината на предметите. Важно е да се донесе закон за да можеме уште повеќе да ја гарантираме иднината на самите предмети. Подобро е да има загарантирана иднина на предметите сега отколку преку закон таа иднина да се дерогира, рече Заев и испрати порака до оние кои учествуваат во работните групи и од власта и од опозицијата да направат исчекор и да се донесе законот.

По оваа изјава на Заев, бизнисменот и активист Роберт Милески преку својот Фејсбук проифил напиша дека Заев повторно во слободен стил „толкува“ што сакал да каже Верушевски.

-Ова јас го сфаќам како директно влијание врз сведоци. Прво се постави за шеф на комисијата за реформи во судството, потоа преку ДУИ влијаеше и правеше местенка за смена на претседателот на врховен суд, па комуницираше со адвокатот на Катица, за еве сега да влијае врз искази на сведоци.

Што ли уште треба да направи за некои да сфатат со каков човек имаат работа!?,прашува преку стојот статус Милески.

Инаку во Законот јасно е дефинирано дека следува казна затвор за лицето кое врши незаконито влијание врз сведоците.

(1) Тој што со закана дека ќе нападне врз животот или телото или имотот од поголем обем, со нудење поткуп, со попречување или на друг начин влијае некое лице да се појави или да не се појави како сведок во постапка пред суд или управна постапка, или ако е повикано како сведок да даде или да не даде исказ во определена смисла, ќе се казни со затвор од една до три години.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што заради одмазда за дадениот исказ на лицето повикано како сведок или нему блиско лице ќе му одземе некое право, ќе го малтретира или телесно ќе го повреди.

(3) Ако поради делото од ставот 1 настапиле особено тешки последици за обвинетиот во кривичната постапка, или на сведокот или нему блиско лице му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

Вчера свој став преку Фејсбук имаше и поранешниот прв човек во Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски.

-Заев ни кажува дека Верушот бил разочаран за СЈО па конвергирал на такви зборови и употреба.
Да бе, конвергирал на ВМРО од разочараност.
А разочараноста веројатно конвергирала со стравот дали ќе продолжи неказнивоста на сите криминали.
Абе го следи ли некој што збори човеков.
И што има премиер да кажува какво ќе биде нечие сведочење. Што има да се слуша со адвокати на обвинети, ма што има да го контролира судствово, ама ајде тоа е изгубена прича веќе.
Сега џабе си ги додавате бомбите ко во цртан филм, евентуално бомбата ќе мора да експлодира во рацете на еден од вас, ама толку ви се врзани судбините, што сеедно е кај кого ќе пукне, стои во статусот на Мицковски.

Неодамна во екот на случајот „Рекет“ Заев призна дека е на линија со адвокатот на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, сопруга на Љубомир Д. Фрчкоски.

–Од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Катица Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата, изјави премиерот Заев.

Исто така неодамна јавноста беше сведок дека се оствари наредбата на Заев за разрешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Неговото разрешување го пропратија низа на скандали, пред се поради изјавата градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

Пред точно еден месец тој јавно кажа дека врз него се вршени притисоци, лично од Зоран Заев во насока на разрешување на Вангеловски од позицијата претседател на Врховниот суд. Беџети тврди дека премиерот Заев му се јавил на 17-ти јули и побарал помош за смена на претседател на суд, работа која требало да биде завршена до септември. Дојде и септември и токму сега на дневен ред се најде разрешувањето на Вангеловски.

-Јас ова барање на премиерот Заев го одбив. Две недели потоа се јави Државната комисија за спречување на корупцијата со пријава против мене. Ова е корумпирана комисија. Сигурен сум дека ваквите дејства се последица на тоа што го одбив премиерот да им кажувам на одредени членови како да гласаат, рече Беџети.

Зоран Заев не демантираше дека разговарал со Беџети за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд. По изјавата на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, дека Заев му се јавил и побарал од него да влијае врз членовите на Судскиот совет за менување судија, премиерот на својот Фејсбук напиша дека разговарал со Беџети за многу работи, меѓу кои и за шпекулациите во јавноста дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет.

Коронавирус