сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Заев е копче патриот: Јавно вели дека нема да изиграва патриот, а сега донесува „патриотски“ одлуки

Заев е копче патриот: Јавно вели дека нема да изиграва патриот, а сега донесува „патриотски“ одлуки

Јавноста ја памети изјавата на Зоран Заев, каде што јавно призна  дека на партијата СДСМ не и приличи да води патриотски политики.

-Се обидовме во неколку наврати да играме на политики на патриотизмот, како партија која што не ни приличи таква политика, и тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса секако за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти, рече Заев во изјавата.

Заев на вчерашната прес-конференција, како и самиот што рече, пробуваше да „изиграва“ патриот и  го повика народот  патриотски да одлучи и да гласаат за промена на името на државата од Македонија во Северна Македонија, со што како што велат најголем дел од експертите, ќе се уништи индентитетот и националноста на државата.

-Ова е моментот за одлуката. Сега е време за храбри чекори, за татковината, време за патриотски одлуки, рече Заев.

Коронавирус