петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев: ДУИ треба да биде свесна дека на изборите ќе има здружување за да го поразат

Заев: ДУИ треба да биде свесна дека на изборите ќе има здружување за да го поразат

Премиерот Зоран Заев како учесник на тркалезната маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“ која се оддржа во Собранието истакна дека и неговиот коалиционен партнер ДУИ треба да бидат свесни дека избори со една изборна единица е чекор напред кон јакнење на демократијата.

Опцијата за коалициски настап, дополни, секогаш останува и во една изборна единица. Тоа е опција на поголемите и на помалите партии, но сега имате избор – ниту поголемите да велат дека помалите бараат многу или пак тие да велат дека не ми се дава ништо, а имаат гласови. Тоа тешко се мери,но имаме демократска опција и секој може да избере пак да се оди заедно или да се оди сам на избори, укажа Заев на тркалезната маса.

Потенцирајќи дека се многу значајни легитимитетот и тежината на избраните пратеници, премиерот оцени дека сегашниот модел е ризик за создавање автократско однесување во државата.

Тој се надева дека останатите политички партии ќе ја следат определбата на мнозинството во СДСМ за една изборна единица. Во тој контекст апелираше албанските политички партии да не се откажат од своите традиционални гласачи во велешкиот, струмичкиот и во другите региони, не само од албанското, туку и од македонското гласачко тело.

-Еве убав мегдан СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се измерат, согласно способноста можеме да настапиме самостојно или коалициски зашто на крај одлучуваат централните одбори. Да го направиме чекорот. ДУИ, мојот партнер во Владата покрај останатите, е веројатно свесна дека на изборите ќе има здружување за да го поразат, наведе Заев оценувајќи дека еден изборен модел е добар за ДУИ.

Најнови вести

Коронавирус