вторник, 11. август 2020. Вести денес: 107
home Вести

Заев: ДУИ со барањето Албанец премиер испрати уценувачка порака

Заев: ДУИ со барањето Албанец премиер испрати уценувачка порака

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека ДУИ со барањето Албанец премиер испратила уценувачка порака.

-Уцени нема да прифатиме, тие јасно испорачаа уценувачка порака, под уцени нема да разговараме, се е отворено за разговор, се е отворено за разговор и мојата желба е ДУИ да оди во опозиција, заради државата, рече Заев.

Тој додава дека коалицирал со ДУИ оти такви биле бројките во моментот.

-Прво бројките на почетокот на формирањето на коалицијата беа неприкосновени. Тие беа бројките и можете едноставно да влезете во коалиција со ДУИ и немате некоја посебна друга опција. Таа коалција беше изградена на основа на вредности, на цели, на таргети кои што исполнивме огромен дел од нив, навистина се донесоа сите историски одлуки, се завршија реформите во државата, условот кој што беше за добивањето на одлуката за преговорите, дигнавме економија значително, но и меѓудругото видовме и слабости, истакна Заев во интервјуто.

Коронавирус