среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

„Заев дојде на власт со 2 клучни ветувања за живот и ЕУ, во двете не успеа, време е за одговорност“ – порачува Николоски

„Заев дојде на власт со 2 клучни ветувања за живот и ЕУ, во двете не успеа, време е за одговорност“ – порачува Николоски

Политичката кариера на Зоран Заев се темели на две клучни ветувања, првото е живот за сите кое што еве гледаме дека не се случува во изминативе четири години и Македонија се задолжи преку две милијарди евра. А, 455.000 граѓани живеат со под две евра дневно. Тоа е тотална сиромаштија и беспарица, обвинува Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-И, второто ветување за кое што повеќе сакам да зборувам денес е интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. После четири години јасно е дека проектот ветување на Заев за ЕУ завршува со целосно фијаско за жал. И ова го констатирам не со радост, туку со огромна жал за сите граѓани кој што овој човек им потроши четири години од нивните животи, ветувајќи дека нешто ќе дојде, а тоа никако да дојде. Четири години лажни ветувања дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Четири години Зоран Заев и неговиот тим ветуваат дека ќе почнат преговори, ама никако да кажат на кој датум ќе почнат преговорите за членство во ЕУ. Четири години немаме одговор на едноставното прашање кое што го поставува ВМРО-ДПМНЕ кој е датумот на кој што ќе почнат преговорите со ЕУ. И во таа насока би сакал да дадам една ретроспектива на сето она што се случуваше во изминатиов период, истакна тој.

„Затоа ден поскоро, час поскоро треба да заминат! Зоран Заев и оваа Влада да поднесат оставка и да се формира Влада на национален спас, која што ќе даде одговори на оваа голема криза во која што се наоѓа Македонија. Криза во однос на блокадата на евроинтегративниот пат, но исто така здравствена и економска криза со коронавирусот“ – порача Николоски.

Најнови вести

Коронавирус