понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 98
home Вести

Заев: Договорот од Преспа го смени лицето на Балканот

Заев: Договорот од Преспа го смени лицето на Балканот

Договорот од Преспа го смени лицето на Балканот, како динамичен регион кој низ историјата знаел да гради и ѕидови помеѓу народите, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил.

Тој потенцира дека со пресвртот на водењето на Северна Македонија започнавме ново поглавје, со кое на Европа и светот им дадовме еден поинаков Балкан, Балкан кој гради мостови.

– Договорот од Преспа значи почеток на ново поглавје со кој на светот му покажавме еден поинаков Балкан. Јасната политичка визија е можна кога за тоа има силна волја и сигурен поглед кон иднината. #PrespaForumDialogue кој ќе се одржи на 1 и 2 јули во Северна Македонија е уште еден чекор за што повеќе изградени Балкански мостови, напиша Заев.

ЕУРО 2020

Македонија