сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 89
home Вести

Заев доби укор од Атина за твитот каде користи придавка „Македонска фудбалска репрезентација“ 

Заев доби укор од Атина за твитот каде користи придавка „Македонска фудбалска репрезентација“ 

„Премиерот на Северна Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа во сите контексти, вклучително и меѓународните спортски настани, ова по твитот на Зоран Заев каде ја користи придавката „Македонски национален фудбалски тим“ го истакна владиниот портпарол на грчката влада Аристотелија Пелони.

Имено таа по твитот на македонскиот премиер изјави дека од соседната земја бара целосна имплементација на Договорот од Преспа.

„Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух,  го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање како што е фудбалот“, рече Пелони.

Инаку реакцијата од грчка страна е поради твитот кој го објави Заев вчера кога го игравме последниот меч на ЕУРО 2020 против Холандија.

Тој меѓу другото напиша и дека им дава силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација.

Коронавирус