среда, 14. април 2021. Вести денес: 137
home Вести

Заев: Денови се во прашање кога ќе пристигнат вакцините

Заев: Денови се во прашање кога ќе пристигнат вакцините

Сè уште е неизвесно кога ќе пристигнат првите вакцини со кои и кај нас ќе започне масовната имунизација на населението. Иако беше повлечен авансот за кинеските вакцини, премиерот Зоран Заев соопшти дека денес очекува позитивен сигнал од Кина.

-Авансот е повлечен заради тоа што ја чекавме поддршката од Министерството за надворешни работи на Кина. Не можеме да оставиме пари да лежат во туѓа земја додека не се заврши постапка. Авансот се пушти како дел од процедурата. Ќе чекаме прво да се заврши работата, па потоа да ги уплатиме парите. Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка. Има и втора постапка за набавување 200.000 вакцини, а формализирани се и постапките за руската вакцина „Спутник“, денови се во прашање кога ќе стигнат вакцините, истакна Зоран Заев.

Коронавирус