сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 33
home Вести

Заев денес потпишува бришење на Македонија и менување на идентитетот на државата

Заев денес потпишува бришење на Македонија и менување на идентитетот на државата

Во име на двете држави, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денес ќе го потпишат штетниот договор со кој се предвидува промената на името на Република Македонија во Република Северна Македонија, ерга омнес.

Потпис ќе стави и медијаторот Метју Нимиц, а договорот ќе се склучи во Преспа под зајакнати безбедни мерки поради незадоволството кое го изразуваат граѓаните на двете држави.

На потпишувањето во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, ќе присустуваат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои на 12 јуни во телефонски разговор го потврдија договореното во преговорите, што беа обновени кон крајот на минатата година.

Историчарите, аналитичарите, граѓаните се против ваквиот како што велат, штетен договор за Република Македонија. Обвинуваат дека Заев прифатил промена на идентитетот на државата и граѓаните. Дополнително граѓаните се противат на ваквиот договор бидејќи се брише идентитетот на народот, а велат и дека се измамени од Заев бидејќи во предизборието тој изјавувал и ветувал дека нема да прифати промена на Уставот за да се реши спорот со името, ниту промена на уставното име, туку дека ќе се бара решение.

Договорот со Грција со кој се брише македонскиот идентитет е насловен „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“.

Коронавирус