петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Заев да намали со театарот за Рашковски- додека се чешла фирмата, Рашковски си продолжи со работа во владата“

„Заев да намали со театарот за Рашковски- додека се чешла фирмата, Рашковски си продолжи со работа во владата“

Заев треба да намали со театарот за случајот Рашковски. Додека се чешла фирмата за случајот со софтверот Рашковски си продолжи со работа во владата на Заев по завршениот одмор во Мексико. Нема помпа, нема специјалци, туку евтин театар. Рашковски треба да е во притвор зошто може да го повтори делото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јавноста ниту виде резултат од истрагата, иако случајот во јавноста се отвори пред речиси еден месец. Токму толку и требаше на Русковска и на обвинителството да покажат некаква активност, време доволно да се заташкаат докази, документи и да се влијае врз сведоци. Рашковски како и во случајот со скандалот Леонардо, како и во случајот со скандалот Сархемс останува заштитен од страна на спрегата власт-обвинителство-судство, иако се работи за скандали кои се врзуваат во низа и тежат милиони, стои во партиското соопштение и се додава:

„Да потсетиме дека Рашковски од позиција генерален секретар на влада, без да биде надлежен, набавил софтвер од компанија основана неколку недели од доаѓањето на власт на Зоран Заев. Притоа тој софтвер Рашковски го набавува сам од себе, бидејќи се јавува како креатор и од позиција генерален секретар како купувач со народни пари. Да биде апсурдот поголем софтверот е експресно исплатен и стои неупотребен со години, затоа што Министерството за внатрешни работи за кого е набавен ниту има потреба да го користи, ниту може да го користи. Ако ова не е основано сомнение за злоупотреба на службена должност и нерационално трошење на народни пари, тогаш нема друг пример. Ова логично не тера да се сомневаме дека Русковска преку невешти, задоцнети процеси, се става во улога на заштитник и забошотувач на криминалите на власта на Заев“.

Коронавирус