понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 54
home Вести

Заев целосно потфрли во Култура: Заминува и Асаф Адеми од министерската позиција?

Заев целосно потфрли во Култура: Заминува и Асаф Адеми од министерската позиција?

Министерот Асаф Адеми цела недела не се појавил на работното место, извори од министерството за култура брифираат дека министерот кој и онака ретко го гледале, сега воопшто не доаѓа на работа.

Официјалното образложение е дека отворил боледување, а сите овластувања веќе се пренесени на неговиот заменик. Неофицијално веќе кружат муабети дека тој нема намера да се појави во министерството, но веста не се обелоденува по налог на СДСМ за да не тргне лавина од критики за целосното маргинализирање на ресорот. Во СДСМ веќе се лицитира со имиња за можен наследник на Асаф Адеми и отпочната е внатрепартиска битка за функцијата. Тоа што е поизвесно во моментов е дека критиките кон Заев за отстапувањето на министерството стануваат се посилни па голема е веројатноста дека партијата ќе го врати ресорот. Како најсериозни кандидати фигурираат Едмонд Адеми и Цветанка Ласкова, а од втор план повторно се јавува и Роберт Алаѓозовски, но не може да се исклучи и некое изненадување.

Министерството за Култура се претвори во министерство за скандали Делењето пари од годишните програми веќе две години по ред е пропратено со огромни скандали. Се делат пари на здруженија и организации формирани непосредно пред да бидат распишани конкурсите, без никакво искуство во област и традиција, за сметка на тоа без финансиска помош остануваа здруженија со долгогодишно, децениско творештво. -Програмата ги дискриминира носечките национални установи. Установите кои би требало да се носители на културното живеење се ставени во подредена улога за сметка на фаворизираната независна, односно приватна продукција.

Со ова, Министерството за култура не ја демонстрира и во пракса не ја спроведува декларираната посветеноста кон културни политики што целат кон изградба на едно општество за сите, кон децентрализација на културата и кон еднаков пристап до културата за сите граѓани на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ бара Владата и Министерство за култура под итно да ја повлечат Годишната програма и да отпочнат постапка за изготвување на нова програма за 2018-та согласно декларираните принципи на правичност, диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, а согласно интересот на сите граѓани на Република Македонија, коментираа минатата година од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш опозицијата бараше истата да биде повлечена, а средствата одново распределени.

Финансиската стратегија ќе биде поефикасна, со тоа што ќе се фокусира на нови извори за финансирање и воведување демократски модели за распределување на буџетските средства, пишува во програмата на СДСМ, наречена „План за Живот“. За разлика од тоа што го ветуваа, сега е сосема спротивно. Две години никаква грижа за културата, и големо незадоволство од културните работници, цензурирани престави, книги и настани, како во најцрното време на едноумието.