петок, 30. септември 2022. Вести денес: 148
home Вести

Заев целосно ја исклучи опозицијата од преговорите за името

Заев целосно ја исклучи опозицијата од преговорите за името

Опозицијата не е информирана за текот на преговорите околу името, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање на денешната пресконференција, во врска со тоа дали е информирана ВМРО-ДПМНЕ околу преговорите за името и како ја коментира изјавата наЗоран  Заев дека за три од понудените точки е постигнат компромис.

– Од медиумите дознавме дека министрите за надворешни работи ќе се сретнат во Виена, каде што имаше дводневна сесија на преговори, за деталите од тие преговир не сме информирани, ниту знаеме која е поканата за да се случат тие средби, нити пак знаевме за местоположбата на одржување на оваа сесија на преговори помеѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија и Република Грција.

Мицкоски вели дека Зоран Заев во една изјава која ја дал за медиумите кажал дека 3 од 7 спорни точки биле надминати.

– Но, денеска еве сведоци сме дека министерот за надворешни работи го демантира ова. Тој вели дека за ниту една од сите 7 спорни точки не е постигнат напредок. Информациите врз основа на кои што можеме да коментираме ги добиваме исто како и вие и се темалт на она што вие новинарите го соопштувате на македонската јавност. За детали не би сакал да коментирам, бидејќи истите ги немам, изјави Мицкоски.

Коронавирус