среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

Заев брзаше на избори за „полн легитимитет“ и за ефективно справување со вирусот- резултатот е дупло поголем број смртни случаи

Заев брзаше на избори за „полн легитимитет“ и за ефективно справување со вирусот- резултатот е дупло поголем број смртни случаи

Бројка од 111 смрни случаи и 6.238 новозаразени за 20-тина дена, брканица на релација Влада-Собрание за новите рестриктивни мерки и измени на законите се резултат на власта за два месеца од мандатот.

Во предизборниот период по неколкуте лидерски средби за одредување на датум за избори, премиерот Зоран Заев брзаше за да има ефективна Влада и ефективно Собрание кое ќе може да носи одлуки, па реториката на власта беше што побрзо избори за да може да се справат со корона вирусот.

Во мај месец годинава во предизборниот период од коалицијата на СДСМ „Можеме“, сметаа дека „врвот на епидемијата е поминат, дека е можен нов бран во септември, а на институциите на државата треба да им се обезбеди што поскоро полн легитимитет“.

Од партиското седиште на СДСМ тогаш соопштија дека потребни се избори веднаш за да навремено и соодветно државата презеде мерки и да се справи со коронавирусот, но за истото потребни се институции, Влада и функционално Собрание кои ќе имаат полн легитимитет за ефикасно справување со последиците од оваа криза.

Но, скоро два месеци од изборот на новата влада, мерките се бркаат на релации Комисија за заразни болести -Влада-Собрание, а сега власта со нови изговори де се криви граѓаните, де недоволниот број на пратеници од кревкото мнозинство за да се изгласаат новите мерки.

По два месеци власт освен што бројот на казнувања на товар на граѓаните енормно се зголеми, како што се зголемуваат бројките на новозаболени и починати, ништо друго суштинско се чини дека валста не стори за да се справи со корона вирусот.

Никој во Македонија на избори не гласаше за да се зголеми бројот на новозаразени и починати, а иако власта велеше дека „ситуацијата е под контрола“, освен повиците и апелите да се користи дезинфекција, дистанца и забраната за свадби, друго ништо не е направено од страна на надлежните за ефикасно справување со тековната пандемија.

Македонија сега има загрижувачки 406 смртни случаи на милион жители и фрапантни 11.418 новозаболени на милион жители, што говори за тоа добиениот „полн легитимитет“ за ефикасно справување со пандемијата беше само предизборна реторика со која власта сакаше да убеди за повторен мандат.

Коронавирус