вторник, 11. август 2020. Вести денес: 105
home Вести

Заев „блеска“ за МИА: „Ние веќе поднесовме кривични пријави за „бомбите“, заради тоа што е тоа казниво по закон“?!

Заев „блеска“ за МИА: „Ние веќе поднесовме кривични пријави за „бомбите“, заради тоа што е тоа казниво по закон“?!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој очигледно не поднесува конкуренција и за себе вели дека бил единствениот Бошко Буха во државата (очебијно незнаејќи како тој заврши) во денешното интервју за МИА проговори за актуелните „бомби“ кои се пласираа деновиве во јавноста.

„Ние веќе поднесовме кривични пријави за бомбите заради тоа што е тоа казниво по закон“, верувале или не, посочи лино и персонално токму Зоран Заев.

Замислете, сега тоа било казниво по закон, како што вели „бомбашот.“

Човекот кој направи кариера лиферувајќи незаконски прислушувани разговори, сега го злоупотребува новиот закон за ЈО кој и беше донесен за негова лична заштита, и вели дека ги тужат оние кои го прават тоа што Заев го чинеше со месеци.

Тој додава и дека од 1 јуни 2017 година, па навака немало никакво прислушување.

Разговорите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кои за разлика од оние на Заев и неговото потесно семејство (Вице, Трајче итн,) нема сочни детали како палење возила со изим на братото и братучедот, или оне во кои Заев го навредува народот, јазикот, своите шарени квазиреволуционери и слично, кои сепак и покрај сета млакост секој ден ги лиферува лице блиско до СДСМ, го демантират Заев.

Според искуството, можеби во текот на денот или утре, самиот Заев ќе ја смени изјавата дадена за МИА која ќе стане НИА (МАКЕДОНСКА се брише од информативната агенција која станува НАЦИОНАЛНА, благодарение на Заев, факт кој заборави да го спомене во интервјуто и да се пофали со него).

Коронавирус