четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Заев блеска и извртува: Отворањето на бугарското прашање било од политички цели на македонската опозиција?!

Верувале или не, но по поставените услови од Бугарија за датум за преговори со ЕУ и вчерашната безобразна изјава на нивната шефица на дипломатијата Захариева дека нашиот јазик бил западнобугарски дијалект со примеси ос српскиот, за Заев виновна за ова била македонската опозиција?! Тој директно ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека „отворањето“ на прашањето со Бугарија и за македонскиот јазик било за политички цели.
Заев блеска и извртува: Отворањето на бугарското прашање било од политички цели на македонската опозиција?!

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, чија влада го потпиша небулозниот Договор со Бугарија со кој Македонија се откажа од сопственото национално малцинство во соседната земја и поради кој и имаме комисија која преговара за нашата историја, повторно популистички заблеска во интервју. Ниту збор за вина на Денко Малески или екипата од СДСМ која го поддржа во перверзиите за Гоце Делчев и Македонија, за екс премиерот виновна за се е опозцијата. Сова, Заев повторно максимално и во својот познат манир се додворува на Софија.

Верувале или не, но по поставените услови од Бугарија за датум за преговори со ЕУ и вчерашната безобразна изјава на нивната шефица на дипломатијата Захариева дека нашиот јазик бил западнобугарски дијалект со примеси ос српскиот, за Заев виновна за ова била македонската опозиција?! Тој директно ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека „отворањето“ на прашањето со Бугарија и за македонскиот јазик било за политички цели.

„Тие што се научени да живеат и работат со национализам популизам така и продолжуваат да функционираат. Ова прашање од националистички побуди повторно е извлечено на површина. Уште еднаш да напоменам дека македонскиот јазик никаде не е спорен, македонскиот јазик е впишан во Обединетите нации, тој е признаен од сите, тој е нашиот идентитет. Повторно да се отвора ова прашање е навистина од желба за власт, од желба за политички поени, правење повторно драми или слично“, изјави Заев за Слободен печат.

Тој и натаму целосно извртувајќи ја прикаската  и говорејќи на оваа тема порача дека сите знаеле дека одлуката на Европскиот совет за преговори е јавно објавена и дека државата доби безусловен датум за почеток на преговори. Не објасни како тогаш Софија може да условува нешто што веќе сме го добиле.

„Постои еднострана изјава од страна на Бугарија, дури и во самата изјава тие викаат за свое разбирање внатре“, рече Заев, посочувајќи дека не се изненадил од изјавата со оглед на тоа што бугарскиот парламент претходно донел декларација за нивна внатрешна употреба.

Сепак, Заев призна дека Договорот за добрососедство со Бугарија, кој го донесе неговата Влада, мора да се спроведе.

„Не би бил чесен ако кажам дека низ поглавјата, низ преговорите ние мора да го заокружиме и решиме Договорот со Бугарија односно да ги имплементираме сите негови ставки, како што треба да го имплементираме и Договорот од Преспа. Двете страни сме преземе обврска и тие договори се за стратешко партнерство, пријателство и во полза на двете страни е да се реализираат самите договори. Од нив ќе излезе благодет за двете страни и што и да се договара низ преговорите, мора да има задоволство на двете страни, двете страни да бидат среќни“, не дообјаснувајќи што е задоволството за македонската страна.

За бугарската веќе знаеме – нивното задовоство е бришење на македоснкиот јазик и нација, нешто што директно го вметнаа како услов за датум за преговори, кој Заев и неговата СДСМ тврдат дека безусловно сме го добиле.

 

Коронавирус