петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 10
home Вести

Заев бегаше од избори и сакаше редовни- Се остварија барањата на лидерот на опозицијата за избори во април

Заев бегаше од избори и сакаше редовни- Се остварија барањата на лидерот на опозицијата за избори во април

Со договорот постигнат помеѓу лидерите на политичките партии кај Пендаровски станува јасно дека на политичката сцена Зоран Заев повеќе не одлучува ништо. Заев во период од неколку месеци повторуваше дека нема да даде предвремени избори, па дури на мајтап веле дека можело предвремени, но доколку истите ќе се одржат во октомври, што се совпаѓа со редовните, за на крај да потклекне пред барањата на Мицкоски за избори во април.

Во август месец по одржување на прес конференција од партиското седиште, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на едно новинарско прашање одговори дека партијата инсистира на предвремени парламентарни избори,и и предлага изборите да бидат во почетокот на април или мај.

„Инсистираме на предвремени парламентарни избори и две дати дури предложивме, едната да биде на почеток на април имајќи ги во предвид велигденските празници, другата да биде некаде крајот на мај, имајќи ги в предвид рамазанските празници следната година. Останува сепак на парламентарното мнозинство да одлучи, се разбира се што ни стојат на располагање сите оние демократски алатки ќе ги искористиме, да ги убедиме од парламентарното мнозинство дека час поскоро ни се потребни предвремени парламентарни избори“, истакна Мицкоски.

Три месеци потоа барањата на Мицкоски се остварија.