петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 139
home Вести

Заев бараше итно одржување на изборите за да не се губи време: Сега одеднаш не му се брза, па си замина на одмор

Заев бараше итно одржување на изборите за да не се губи време: Сега одеднаш не му се брза, па си замина на одмор

Освен што безброј пати го менуваше “конечниот“ датум на кој ќе се одржат предвремените парламентарни избори, екс-премиерот  Зоран Заев покажа дека ниту причината поради која истите тие избори ги бараше – не е искрена.

Имено, во трката по датум за гласање, Заев посочуваше дека изборите треба да се одржат час поскоро бидејќи државата нема време за губење.

-Токму заради заштита на здравјето на граѓаните, изборите се решение, а датумот за нивно одржување е веќе завршена работа. Изборите ќе се одржат на 5 јули за да добиеме најбрзо што може функционално Собрание и политичка влада, изјави тогаш Заев.

Тој го убедуваше народот дека државата е во криза и дека нема време за чекање или одложување на изборите.

-Итно одржување на изборите е неопходно и екстремно важно за да ги вратиме институциите кои мора да им служат на граѓаните со полн капацитет и легитимитет. Тоа е неопходно и за подобро справување со здравствената и економската криза предизвикана од КОВИД-19, напиша Заев тогаш на својот Фејсбук профил.

Сега, кога изборите се случија и кога треба да се водат преговори за составување на Влада, на Заев веќе одеднаш ништо не му е итно и за ништо не му се брза.

Така, одлучи да си замине на одмор.

Преговорите за формирање на новата влада ќе продолжат по Илинден, со запазување на законските рокови, по што државата ќе добие функционални и легитимни институции, велат од СДСМ. Од партијата информираат дека лидерот на СДСМ Зоран Заев од денес ќе користи неколку денови одмор, кои ќе ги помине во државата.

-Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции, соопштуваат од партијата.

 

 

Коронавирус