петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 7
home Вести

Лоповот вели држете го лоповот- Заев бара оставка од Ременски

Лоповот вели држете го лоповот- Заев бара оставка од Ременски

Оставката од општествената функција е личен чин. Ако бев јас на местото на пратеничката Фросина Ременски ќе се повлечев и ќе чекав да го докажам тоа и да се вратам на голема врата како херој, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Телевизија 24.

Прашан зошто не побарал отставка од Ременски од пратеничката функција, Заев рече дека тоа е нејзино право и таа е директно бирана од граѓаните.

-Таа е добредојдена да се врати во централниот и извршниот одбор на СДСМ чим и се докаже нејзината невиност, изјави Заев.

Останува нејасно зошто премиерот Заев не се повлече од функциите додека се водеше судска постапка против него за случајот „Поткуп“.

Да потсетиме случајот „Поткуп“ беше отворен откако на Јутјуб се појави видео објавено од непознат корисник на кое се слуша разговор меѓу градоначалникот на Струмица Зоран Заев и еден локален бизнисмен. На видеото се слуша како наводно Заев бара одредена сума пари за средување на работите околу некоја локација на територијата на општината.

Подоцна премиерот Зоран Заев беше ослободен од обвинение за случајот „Поткуп“, а тој не понесе никаква одговорност.

Неодамна уште една афера ја тресеше Македонија, откако премиерот Заев во телефонски разговор со руски пранкери мислејќи дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко рече дека би дал пари во кеш на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА.

Во разговорот лажниот Порошенко односно руските шегаџии го советуваат Заев да му даде пари односно поткуп на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА.

Скандалозниот дел може да се слушне во 46 минута, каде Заев во крајниот разговор договара мито за Вартоломеј. Лажниот Порошенко кој му се јавува му вика на Заев “јас го решив проблемот со украинската црква, ама му дадов донација на Вартоломеј од 100 илјади евра и тоа кеш”.

На ова, Заев вика да да тоа е многу нормално, дека тоа не е проблем за нас, односно “во ред е ќе го направиме тоа во кеш”.

„Порошенко“ на Заев му вели дека МПЦ има „одлични шанси“ за добивање на статус на независна црква за што наводно е согласен и Вартоломеј.

„Меѓутоа, морам да ви соопштам дека има еден услoв во мојот случај. Јас yплaтив пари лично на Вартоломеј“, му вели на Заев лажниот Порошенко кој тврди дека платил 100 илјади евра за автокефалност на Украинската црква и нуди помош и цена со попуст за МПЦ.

На ова Заев според објавеното видео вели дека тие пари не се проблем.