петок, 22. јуни 2018. Вести денес: 17
home Вести

Заев април VS Заев јуни: Да останеме Влада на Република Македонија VS Ќе биде Влада на Република Северна Македонија

Заев април VS Заев јуни: Да останеме Влада на Република Македонија VS Ќе биде Влада на Република Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев повторно со своите контрадикторни изјави. Многупати досега граѓаните имаа можност да слушнат како премиерот најпрво вели едно, а по извесно време за иста тема сосема ја менува својата изјава.

На Интернет кружат изјави од премиерот во најновото издание „Заев пред и потоа“, повторно иста тема, а за два месеци различен став.

-Многу е важно дома да не бидеме обезличени, да не бидеме обесчестени. Кога влегувавте во оваа Влада, таму пишува Влада на Република Македонија, да не мораме тоа да го смениме, велеше Заев во интервју за бугарската телевизија 25 април годинава.

За помалку од два месеци, Заев повторно ги излажа граѓаните.

-Со промените на Уставот и конечното ратификување на договорот во Грција тоа станува вековно и трајно и историско. Тогаш значи дека оваа Влада ќе биде Влада на Република Северна Македонија, изјави Заев на 12-ти јуни, односно пред два дена кога на прес-конференција соопшти дека е постигнат договор со Грција за името, Република Северна Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција објави видео од Заев во кое премиерот во телевизиско гостување во 2016 година вели дека „додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка сме Македонци, родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. Верувам дека не постои роден човек во Македонија кој е подготвен да излезе пред парламент и да бара промена на Устав заради промена на уставното име.“

-Се колне во неговите предци, во неговиот татко, дедо и во неговите деца, нека суди македонската јавност со каков човек имаме работа.Ова беше она што го ветуваше Зоран Заев, но на Македонија и донесе таканаречен договор за капитулација. Ова значи дека секој еден збор на Зоран Заев не вреди, дека секој еден став, негова изјава не вреди ништо и дека лагата, измамата и манипулацијата е неговото примарно делување. Во само неколку месеци, тој направи драстично менување на ставовите, но таа негова смена и прави непоправлива штета и неповратна штета на нашата татковина Република Македонија, истакна Мицкоски на вчерашната прес-конференција.