четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 86
home Вести

Заев: Ако не добиеме датум за преговори, ќе има политичка криза

Заев: Ако не добиеме датум за преговори, ќе има политичка криза

Премиерот, Зоран Заев, очекува Македонија да добие датум за преговори во јуни или во јули. Тој вели дека е оптимист и дека Европа треба да го испорача тоа што и беше ветено на земјава.

Сепак, има шанси Македонија да не го добие долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговори со Европската Унија. Како што вели Заев причина за ова не би биле внатрешните работи во земјава, туку случувањата во регинот, пред се во Албанија, која овој пат оди во пакет со Македонија.

Според него јули е реална опција Македонија да добие датум за преговори, во спротивно земјава, вели, ќе се соочи со политичка криза.

-Ако добиеме пречка таа нема да доаѓа од дома. Нема претседател, канцелар, премиер кој ги става под прашање нашите перформанси. Заради констелациите со сите други земји, ќе се знае кога ќе биде одлуката. Доколку немаме датум ниту во јуни ниту во јули тогаш ќе се соочиме со политичка криза, затоа што ги ставивме сите карти на нашата интеграција во ЕУ. Тоа се очекувањата на нашите граѓани, би било проблематично доколку не се испорача тоа – рече Заев.