среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 21
home Вести

Заев: Ако бев јас на местото на пратеничката Ременски ќе се повлечев

Заев: Ако бев јас на местото на пратеничката Ременски ќе се повлечев

Оставката од општествената функција е личен чин. Ако бев јас на местото на пратеничката Фросина Ременски ќе се повлечев и ќе чекав да го докажам тоа и да се вратам на голема врата како херој, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Телевизија 24.

Прашан зошто не побарал отставка од Ременски од пратеничката функција, Заев рече дека тоа е нејзино право и таа е директно бирана од граѓаните.

-Таа е добредојдена да се врати во централниот и извршниот одбор на СДСМ чим и се докаже нејзината невиност, изјави Заев.

Од истите причини, односно почитување на пресумцијата на невиноста, вели тој не се откажал од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и вицепремиерот Бујар Османи.