четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 117
home Вести

„Задолжувањето на Охрид за 3 месеци пред избори е последниот пример за неспособноста и корумпираноста на СДСМ“

„Задолжувањето на Охрид за 3 месеци пред избори е последниот пример за неспособноста и корумпираноста на СДСМ“

ЗАДОЛЖУВАЊЕТО НА ОХРИД НА 3 МЕСЕЦИ ПРЕД ИЗБОРИ Е ПОСЛЕДНИОТ ПРИМЕР ЗА НЕСПОСОБНОСТА И КОРУМПИРАНОСТА НА СДСМ
Една од мерките која СДСМ изминатиов период ја користи, во неумешен обид да ја затскрие нивната корумпираност, неспособност и преспани мандати, на крајот на истите ги задолжуваат веќе презадолжените општини во очаен обид за маркетиншки трик и илузија дека нивните мандати нешто сработиле.
КРАЈНО НЕЕТИЧКИ Е НА КРАЈОТ НА МАНДАТОТ ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА ОПШТИНАТА И ГРАЃАНИТЕ ЗА ВИРТУЕЛНИ ПРОЕККИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА НЕМА НИ ДА ЗАПОЧНЕ ОВОЈ МАНДАТ, А ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ВРАЌААТ ДОЛГОВИ НАРЕДНИТЕ 5-10 ИЛИ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ.
Последен пример е одлуката на Општина Охрид и градоначалникот во заминување Георгиески, кој за враќање на стари долгови зема кредит во висина од 5 милиони евра и ги задолжува Охриѓани во наредните 10 години да вратат речиси 8 милиони евра. Истиот Георгиески кои нема еден капитален проект за себе, а во Охрид е познат само по фиктивната и селективна борба со дивоградбите. И сето ова, замислете, на 3 месеци пред избори.
Тука мора да се спомене и феноменот Шилегов, кој Скопјани ги задолжи за над 70 милиони евра за изградба на БРТ, проект чија реализација би требало да трае и целиот мандат на наредниот градоначалник. Сличен е случајот и со велешкиот градоначалник Коцевски, кој годинава ги задолжи велешани за 46 милиони денари за почеток на изградба на затворениот пазар и многу други.
Сите овие задолжувања на неколку месеци пред избори, сите за проекти кои досега требаше да бидат завршени, а до избори нема ни да се започнати.
Ваквите постапки на СДСМ и нивниот евтин популизам нема да поминат!
Граѓаните не забораваат 4 години лаги и неработа.
Граѓаните не забораваат 4 години криминал и корупција!
На претстојните локални избори, граѓаните ќе ја казнат СДСМ!
Комисија за локална самоуправа
ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус