понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 130
home Вести

Задолжувањето на долг рок во тренд- Заев ќе троши, нашите деца по 20 години ќе враќаат!

Задолжувањето на долг рок во тренд- Заев ќе троши, нашите деца по 20 години ќе враќаат!

Задолжувањето на долг рок во последните 11 месеци пораснало за повеќе од 10%, нотира порталот Фактор во својата анализа на државниот долг на Република Македонија.

Имено државниот долг во записи и обврзници на 20 години за последните 11 месеци пораснал за 136,68 милиони евра, покажуваат официјалните податоци објавени на интернет страница на Министерството за финансии, со што вкупниот долг по таа основа достигнал енормни 1.459 милијарди денари.

– Македонија пред домашните кредитори е должна во следниве седум финансиски инструменти: 6 месечни државни записи, 12 месечни државни записи, 2 годишни државни обврзници, 3 годишни државни обврзници, 5 годишни државни обврзници, 10 годишни државни обврзници и 20 годишни државни обврзници. Овие инструменти атрибутот во називот го добиваат врз основа на рокот на враќање, пишува порталот Фактор.

Најголем раст има кај државните обврзници и записи на долг рок, односно на 20 години. Ова е показател дека државата оди по принципот префрли го товарот на друг. Па така СДСМ непродуктивно се задолжува денес милијарди евра, пари кои утре ќе ги враќаат сега уште неродените деца.

Товарот од ден во ден е се поголем. Задолжувањата не само што не се намалија, туку и се зголемија.

Од доаѓањето на власта до денес оваа влада се задолжи за нови над 1.3 милијарди евра. Додека само во почетокот на годината долгот е зголемен за 600 милиони евра. Тоа е едно загрижувачко темпо кое на долг рок ја јаде македонската економија.

Коронавирус