петок, 18. септември 2020. Вести денес: 111
home Вести

Забранети посети на Клиниката за гинекологија

Забранети посети на Клиниката за гинекологија

Строго забранета посета кај родилките, трудниците и новороденчињата на Клиниката за Гинекологија. Ограничено е и влегувањето кај оперираните жени.

Менаџментот на установата пред десетина дена донел ваква одлука поради епидемијата со морбили и респираторните и вирусни инфекции овој период. Гинеколозите велат дека на овој начин сакаат да ги заштитат нивните пациенти кои се во ризичните групи и малите сипаници кај нив можат да доведат и до смртен исход.

-Строго е забранета посета за да ги заштитиме жените и бебињата бидејќи ако дојдат во контакт со заболен со морбили последиците можат да бидат катастрофални по здравјето и на родилките и на бебињата. Доколку на пример во некоја амбуланта биде примена жена со мобрили веднаш потоа се преземаат сите мерки согласно протоколите за чистење на просторијата за да бидат примени други пациентки, вели др. Адела Стефанија, гинеколог на Клиника за Гинекологија.

Доктор Стефанија вели дека кај предвремено родените бебиња малите сипаници можат да бидат смртоносни, а болеста е опасна и кај трудници во првото тромесечје.

-Доколку заболат во првите 12 недели од бременоста тогаш ние гинеколозите ги советуваме да абортираат, а опасно е и во последните три месеци од бременоста, вели др. Стефанија.

На Гинеколоија досега немаат ниту еден заболен со морбили кај медицинскиот персонал и велат дека се придржуваат на препораките од здравствените власти.

-Не само на Гинекологија, Детска клиника и Инфективна, епидемиолозите советуваат дека во услови на епидемија и ширење на грипот треба да има забрани за посети во сите болници.

Покрај забрана за посета кај болните, во скопскиот центар за јавно здравје здравствени работници од клиники и болници кои не биле вакцинирани против морбили доаѓале да се заштитат од мали сипаници.

Коронавирус