среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 67
home Вести

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка е укината

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка е укината

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка е укината претпладнево во 11:30 часот, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Претходно, во 10:00 часот претпладнево беше укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, а наместа има и остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (МИА)

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија