четврток, 4. август 2022. Вести денес: 174
home Вести

Забраната за движење вчера прекршeна од 51 лице

Забраната за движење вчера прекршeна од 51 лице

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (29/30.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 51 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Коронавирус