вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Забраната за движење не ја почитувале 55 лица

Забраната за движење не ја почитувале 55 лица

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (05/06.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Коронавирус