сабота, 28. март 2020. Вести денес: 7
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Забрана за влез и излез од Куманово за редовниот комерцијален превоз

Забрана за влез и излез од Куманово за редовниот комерцијален превоз

Одлуката со која се забранува влез и излез од и во подрачјето на територијата на Општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз, се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз на патници со градски, меѓуградски патнички и железнички јавен превоз, е заклучок донесен од Владата на Република Македонија на денешната 29-та седница.

-Владата им препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на Општина Куманово, доколку за тоа имаат потреба, да продолжат да го обезбедуваат пристапот до нивните објекти доколку имаат организиран и контролиран посебен превоз и да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени, се наведува во соопштението од владината прес-служба.