среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 173
home Вести

Забрана за сите карневали во земјава, освен за тој на власта!

Забрана за сите карневали во земјава, освен за тој на власта!

Луѓе, никако да не ви паднало на памет да се маскирате, или некој мајтап да направите, а камоли да прошетате на улица за Василица … за бабари нема шанса, оти сите места се зафатени од нашиве властодршци.

Држете, додржете, истрајте, традиција ли уривате … до каде отидовте?

Ден пред Василица, вевчанец рече: „Вевчанецот во нас зовре“- „многу млади ни починаа, страшен е Ковид-от, ама не е пострашен ни од Комунизмот, ни од Фашизмот, карневал имало од секогаш и пак ќе има“.

Друг пак без суета кажа вистина „Император бил најмоќниот човек кој газел по земјава, ама името не му се знае, а Вевчани уште е тука.“

Или многу освојувачи минале поминале низ земјава газеле се пред себе и освојувале ама и Македонија е уште тука.
Е мои битолчани, не ни дадоа да се викаме како што не знае светот уште од времето на апостол Павле, не ни дадоа в црква празник да прославиме како треба, сега удрија и по традицијата нашата оставнина од прадедовци.

За дистанца се работело, а ја држеа ли тие напикани по 20 души в’комбе или по 50 во автобус и спремни за напад?

Ама врз кој удрија ? На браќа, возрасни луѓе, деца и жени или мислеа дека терористи го запоседнале Вевчани?

Кај нас бре браќа не треба да дојде Василица за карневал, секој ден го гледаме од локалниве „василичари“, неспособноста и неработењето ни под тепих повеќе не се крие, многу се големи. Коронава беше изговор за многу работи а најмногу за да си ја скриете „под маска“ лагата колку го сакате градот и битолчани, за никој не ви е гајле освен за вашите ненаситни усти и длабоки џебови, ама ќе паднат маските кај да е. Трпи народот трпи до одреден степен ама вие ги поминавте сите граници, иди време за одлуки, а можеби вевчанската вакцина „ЛИФИЌОФ“ да ве заштити од многу работи не само од ковид-19 но сигурно нема да ве заштити од НАРОДОТ!

Ако, ако ова е убава старо-новогодишна шлаканица за да се разбудиме, за кој гласавме, а кој ќе треба да гласаме? Битолчани, вевчанци ни покажаа како треба, со оваа “мафија” на власт, само народ е’ мајката.

Од под нивните маски доста ни се пародиите, доста е карневалот по дупки низ Битола, каде што архитектонско чудо е асфалтирање на улица со “рамни” шахти, куќи наполнети со фекалии, абре Драгор ќе не удавеше со две капки вода, директори фрлаат сечени гранки пред камери, градоначалници прават стој на глава, вака ли „живот“ ?

 

Пеце Милевски, претседател на Ок на ВМРО ДПМНЕ Битола

Коронавирус