петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Забрана за камиони на Стража и на Маврово-Дебар

Забрана за камиони на Стража и на Маврово-Дебар

Поради интензивни врнежи од снег од 04:30ч. се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија Пат. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Струга и на планинските превои Стража и Ѓавато. Во Крушево и на планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус