среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 52
home Вести

Забрана за камиони на патот Тетово – Попова Шапка

Забрана за камиони на патот Тетово – Попова Шапка

Од 22:00 часот (29.11.2021) е воведена забрана за ТТВ на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка додека за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од 22:15 часот, сообраќајот на патниот правец Струга – г. п. Ќафасан е нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус