четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 110
home Вести

Забрана за камиони на патот Гостивар-Маврово-Дебар

Забрана за камиони на патот Гостивар-Маврово-Дебар

На патот Гостивар-Маврово-Дебар од 6:30 часот изутрина е воведена забрана за тешки товарни возила, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби на Македонија пат. Снег со слаб интензитет провејува во Дебар, Маврово, Стража, Пресека и Струга, кој во моментов не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Коронавирус