вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Вести

Забрана за движење на товарни возила на патниот правец Битола – Ресен

Забрана за движење на товарни возила на патниот правец Битола – Ресен

Од 09:40 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, информираат надлежните од АМСМ.

Инаку претходно како што информираа од УХМР претпладне времето ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе се менуваат од дожд до снег.

Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките делови од Скопската котлина. Во пладневните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 5 степени, а дневните од -1 до 9 степени.

Наутро доста студено, ќе биде времето утре, а преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Коронавирус