понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Забрана за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци поради снежни врнежи

Забрана за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци поради снежни врнежи

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи од ЈП Македонија пат.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка каде за останатите возила е задолжително користење зимска опрема (синџири), соопштија од ЈП Македонија пат.

Снег врне со променлив интензитет на цела територија во републиката. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, како што соопштија денеска,  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

МИА

Коронавирус