четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 20
home Вести

Заборавете на сонцето- Од утре голема промена на времето, еве кога ни доаѓа вистинското сонце

Заборавете на сонцето- Од утре голема промена на времето, еве кога ни доаѓа вистинското сонце

Времето утре ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со засилен ветер и град.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има краткотраен дожд и грмежи.

Додека пак во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.