среда, 22. мај 2019. Вести денес: 4
home Вести

Заборавете на лошото и пружете рака за да ве благослови овој светец: Денеска скараните се смируваат и почнуваат ново пријателство

Заборавете на лошото и пружете рака за да ве благослови овој светец: Денеска скараните се смируваат и почнуваат ново пријателство

Денеска е Св. маченик Никифор.

Во третиот век во Антиохија живееја двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Но, еден ден тие толку се налутија еден на друг, што не сакаа очи да си видат. По некое време Никифор ја сфати бедата на лутината и побара прошка од Саприкиј, кој беше свештеник. Овој не сакаше ни да чуе. Сите молби остануваа попусти.

Во тоа време, при едно гонење на христијаните, Саприкиј беше затворен и ставен на маки, зашто не се откажуваше од Христа. Најпосле го осудија и го поведоа кон губилиштето. По патот Никифор повторно со солзи го молеше да му прости, но на Саприкиј срцето му остана тврдо. Така и ја изгуби благодатта и на губилиштето се откажа од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побара и беше погубен наместо него.

Никифор е заштитник на сите кои неправедно страдаат. Тој е заштитник на оние кои за пријателите ако треба одат и во оган.

Се верува дека ова е ден кога скараните се смируваат и почнуваат пријателство повторно. Затоа, заборавете денеска на сите кои ви направиле лошо и пружете рака за помирување. Така светецот ќе ви го направи животот поубав и полн со љубов и радост.