недела, 22. јули 2018. Вести денес: 16
home Вести

Заборавено тенџере ќе предизвикаше голем пожар во зграда во Центар (ФОТО)

Заборавено тенџере ќе предизвикаше голем пожар во зграда во Центар (ФОТО)

Заборавено тенџере во стан на булевар „Климент Охридски“ ќе предизвикаше пожар кој за среќа беше спречен навреме.

Противпожарните екипи се уште се на терен, а според изјавите на станарите за „Република“ во станот немало никој- се претпоставува дека тенџерето на шпорет го заборавила жената која го одржува домот.

Блиски на сопствениците на станот успејаа да ги исконтактираат, пожарникарите влегоа во станот и ситуацијата овој пат има среќен крај.

Избегната е поголема штета и опасност за останатите станари и казиното кое се наоѓа под зградата.

ФОТО: Република