петок, 23. јули 2021. Вести денес: 137
home Вести

„За животи се работи затоа без манипулации и лаги“

„За животи се работи затоа без манипулации и лаги“

За животи се работи затоа без манипулации и лаги

Дури и ако е за предизборен маркетинг, да не се служиме со манипулации и лаги, само со цел за добивање на гласови од гласачкото тело…Министерот за здравство, Венко Филипче вчера се пофали дека на Детска клиника комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната. Која е вистината?

Ургентниот центар на Универзитетската клиника за детски болести беше отворен на 24.12.2013 година. Истиот беше отворен под покровителство на соругата на поранешниот претседател на Македонија, Маја Иванова, како заеднички проект на повеќе странски невладини организации – меѓу кои турската невладина организација ТИКА, потоа со донации од страна на американската и холандската амбасада, а во соработка со Линкакрос (американска невладина организација, која покрај донации обезбеди и најголем број едукации на лекарите за работа во Ургентниот центар, од страна на американски експерти од областа на детската педијатриска ургентна медицина), Клубот Ротари и повеќе други.

Ургентниот центар работеше со полна пареа со усвоени протоколи за работа.

На почетокот на 2017 година Ургентниот центар послужи како оддел за Интензивна нега. Но, по преселбата на Интензивната нега на веќе реновираниот оддел, кон крајот на 2017 година, за жал на пациентите и на лекарите, одделот Ургентен центар се затвори комплетно.

Тоа се случи откако новата власт веќе ги смени директорите на клиниките. Значи, повеќе од две години, овој простор немаше никаква намена. Или Детската клиника во периодот од 2017 до 2020 година, немаше никаков Ургентен центар, што е спротивно на добрата пракса низ целиот свет.

Не веруваме дека постои било каде во светот Универзитетска детска клиника, која нема свој педијатриски Ургентен центар. Дури и децата кои беа инфективни минатата година, а лекувани заради епидемијата на морбили и грип на Детската клиника, наместо во тој центар, беа лекувани на одделот Пулмологија. Голем дел од нив таму беа и поставувани на механичка вентилација и водени од лекарите од одделот за Интензивна нега.

На почетокот на епидемијата (односно КОВИД- 19 пандемијата) неопходно беше да се најде простор за физичка дистанца помеѓу евентуално примените деца суспектни и/или ковид-19 позитивни, со останатите хоспитализирани пациенти на Клиниката со различна патологија, па конечно актуелниот менаџмент му најде намена на овој запуштен простор.

Размести болнички кревети, зема („позајми“) опрема главно од одделот Интензивната нега и таман почна да работи, директорката реши дека во ек на најголемиот карантин ќе го „реновира“. „Реновирањето“ на Ургентниот центар се состоеше од кречење на ѕидовите и менување на два или три прозори во друг дел од амбулантскиот простор, кој се наоѓа на приземјето. Но, немаше никакво реновирање или „потполно“ опремување со нова апаратура на одделот Ургентен центар.

За жал, таму немаше и нема ништо ниту од првобитната опрема од пред повеќе години, односно кога беше прв пат (еден и единствен) беше отворен Ургентниот центар на Детската клиника. За ова сигурно може да се заинтересираат и странските амбасади или невладините организации, кои учествуваа во неговото опремување и отворање.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус