недела, 5. декември 2021. Вести денес: 60
home Вести

За Заев сега е најважно обединувањето

За Заев сега е најважно обединувањето

Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа, вели претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во Фејсбук статусот објавен вечерва.

– Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото.. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас. Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација. Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Влегуваме во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја. Сега е најважно обединувањето, пишува Заев на Фејсбук.

Коронавирус