четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Вести

За Заев ако нема датум одговорна е Европа, а не нефункционалноста на Владата!

За Заев ако нема датум одговорна е Европа, а не нефункционалноста на Владата!

Јас не посакувам избори, но може да случат, ама тие ја затајуваат економијата, рече премиерот Зоран Заев на гостувањето на Македонската радио-телевизија.

-Ќе работиме на одговорност на сите, да се подобриме како општество, а тоа е мотивирано од интеграциите. Се кладам дека ќе добиеме датум за преговори. Оваа мотивација ни треба сега, ова лето, рече Заев кој посочи дека има неколку опции доколку нема датум како врашање на мандот, нов мандатар, повторно тој да биде мандатар.

Деновиве, пак, Заев рече дека недобивањето датум за преговори летово би значело политичка нестабилност во Македонија и можни предвремени избори кои би ги засилиле националистичките и популистичките сили.

Заев на гостувањето говореше за одговорност на Европа, и побарада се постави сериозно кон оние што исто така постапиле.

Премиерот, заедно со министрите за труд и социјална политика, за здравство и за информатичко општество и администрација, Мила Царовска, Венко Филипче и Дамјан Манчевски, на МТВ зборуваа за владините политики во овие сфери.