сабота, 28. март 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

За време на викендот забрана за движење за сите граѓани од 16 до 5 часот наутро

За време на викендот забрана за движење за сите граѓани од 16 до 5 часот наутро

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот, одлучи Владата на денешната седница со цел поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот.

Оваа одлука на Владата, која е дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викендот, по прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче ја соопшти владиниот портпарол Муамед Хоџа.

-Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани. Ви препорачуваме да ги почитувате сите препораки и мерки од надлежните институции, рече Хоџа.