сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 82
home Вести

За време на коронавирусот скоро по 150 лица дневно останувале без работа

За време на коронавирусот скоро по 150 лица дневно останувале без работа

Македонската економија тоне. Во изминатиот период од кога започна корона пандемијата во Македонија без работа останале над 55 илјади граѓани. Според податоците во агенцијата за вработување во Македонија во јануари 2020 година 104.409 лица биле невработени. Во февруари 2021 година бројот на невработени се искачил на 159.608 лица. За само 14 месеци во Македонија изгубени се 55.199 работни места, или околу 4 илјади лица месечно.

Тоа е сериозен раст на невработеноста. Тука има многу фактори, меѓу кои и ниското ниво на инвестиции, недостаток на капитални инвестиции, немањето можност да се отворат нови фабрики а со тоа и можност за нови вработувања.

Ова е сериозен показател дека владата потфрли во справувањето со економските последици предизвикани од корона пандемијата. И покрај тоа што владата донесе неколку пакет економски мерки за справување со кризата за да се сочуваат колку што може повеќе работните места на граѓаните и да му се помогне на стопанството тоа не се случи. Стопанството и бизнис секторот се соочуваат со огромни проблеми и се принудени да ги затвараат своите производствени погони и да стават клуч на врата.

Покрај тоа во 2020 година во Македонија се згаснати дури 6.213 правни лица. Само во Битола 342 фирми добиле катанец, односно се затворени во 2020 година. Малите бизниси се посебно на удар. Наместо реална помош за граѓаните законите за економските пакет мерки на владата се заглавани во процедура. Собранието нефункционално.

Коронавирус