петок, 25. септември 2020. Вести денес: 165
home Вести

За ВМРО-ДПМНЕ неспособноста е причина за хаваријата во РЕК Битола

За ВМРО-ДПМНЕ неспособноста е причина за хаваријата во РЕК Битола

Неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК Битола и ЕЛЕМ го доведуваат во опасност енергетскиот систем во Македонија, се вели во партиското соопштение на најголемата опозициска партија.

Наместо да бараат одговорност и оправдување во временските услови или опозицијата раководството треба да одговори зошто од 18 јули 2020 РЕК Битола работи само со еден блок Зошто најголемиот багер за ископ на јаглен повеќе од еден месец е надвор од употреба? Зошто енергетските компании ги претрупуваа со партиски и непотистички вработувања?  Зошто цело време се прават скандалозни тендери со кои се испумпуваат народните пари? Зошто на крајот од бараа поскапување на струјата од 7,5%, а според тврдењето на регулаторна и 25% кога беа до пред некој месец енергетски шампиони? Ова се вистинските одговори што јавноста ги бара од нив, истакнуваат од опозицијата.

Очигледно дека матните зделки, неспособноста и недомаќинското работење на енергетските власти сега сакаат да го покриваат со повисоки сметки за струја и со тоа директно да влијаат на стандардот на граѓаните, додаваат од таму.

Коронавирус