петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 57
home Вести

За власта повторно не важат законите, Џеват Адеми направи сообраќаен прекршок пред очите на полицијата и си замина неказнето

За власта повторно не важат законите, Џеват Адеми направи сообраќаен прекршок пред очите на полицијата и си замина неказнето

Пратеникот од редовите на ДУИ, Џеват Адеми во текот на вчерашниот ден направи сообраќаен прекршок пред очите на целата јавност.

Репортерите на Газета Експрес направија видео запис како пратеникот Адеми со своето возило марка ΒΜW не ги почитува законите и покрај огромното полициско присуство. Ваквиот чин на Адеми воопшто не го привлече вниманието на полицијата и пратеникот помина неказнето.

Сепак на видеото се забележува дека иако полицијата не реагираше на ваквиот прекршок, реагираа другите револтирани возачи кои со помош на автомобилските свирки го укорија Адеми.

За потсетување ова не е прв настан каде висок функционер на ДУИ поминува неказнето за сообраќаен прекршок. Граѓаните се сеќаваат на настанот со ,,пајакот’’ кога беше физички нападната полицајката која се обиде да го казни Бекир Асани за непрописно паркирање. Асани ниту беше казнет за физичката пресметка со полицајката, ниту за непрописното паркирање.

Deputeti i BDI-së shkel rregullat e komunikacionit on Vidnews.

Коронавирус