петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 45
home Вести

Преседан за владини потреби на воскреснување на „режимот“: Во „ТНТ“ докторка ќе ја образложува состојбата на Трајковски…

Денеска образложение за здравствената состојба на Трајковски треба да даде докторката која дала потврда дека обвинетиот не е во состојба да ги следи рочиштата. Правните експерти овој чин го протолкуваа како преседан, особено имајќи предвид дека Трајковски беше крвнички претепан пред десетина дена. Чинот на судијата Ставрев се толкува како судски учинок во кампањата на владата на СДСМ која предизборно на голема врата ја враќа прикаската за претходниот „режим“ и ги „плаши“ граѓаните со негово наводно враќање. Сосема „случајно“, симултано со судот, партијата на власт утрата ги почнува со соопштенија за враќање на „режимот.“
Преседан за владини потреби на воскреснување на „режимот“: Во „ТНТ“ докторка ќе ја образложува состојбата на Трајковски…

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за уривањето на комплексот „Космос“ откако минатото беше одложено поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски.

Денеска образложение за здравствената состојба на Трајковски треба да даде докторката која дала потврда дека обвинетиот не е во состојба да ги следи рочиштата. Правните експерти овој чин го протолкуваа како преседан од судијата Ставрев, особено имајќи предвид дека Трајковски беше крвнички претепан пред само десетина дена. Чинот на судијата Ставрев се толкува како судски учинок во кампањата на владата на СДСМ која предизборно на голема врата ја враќа прикаската за претходниот „режим“ и ги „плаши“ граѓаните со негово наводно враќање. Сосема „случајно“, симултано со судот, партијата на власт утрата ги почнува со соопштенија за враќање на „режимот.“ Во оваа насока е и итноста на „ТНТ“ кој стана најбитниот случај во државата, во исто време кога убијците на четири момчиња од случајот Монструм се на слобода, а за гласови на контото на СДСМ се тактизира и со терористите од Диво Насеље кои убија 8 полицајци.

На минатото рочиште, адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски реагираше дека неговиот клиент е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.

Има дијагноза од докторите, што не би сакал да ја коментирам, не е благодарно. Препорачуваат мирување и дека не може да учествува на судење 15 дена – изјави Страшевски.

Обвинителот Бурим Рустеми поради ваквите околности побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски, а одбраната реагираше дека не може да се води постапка против поттикнувачи со раздвојување на постапката за обвинетиот извршител на делото.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Коронавирус