четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 151
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

За Владата онлајн седници, за граѓаните корона кластери во ЈСП

За Владата онлајн седници, за граѓаните корона кластери во ЈСП

Владата во текот на вчерашниот ден одржа онлајн седница, иако нема ниту еден заразен или со симптоми на коронавирусот. Премиерот Зоран Заев изјави дека владата се одлучила на таков чекор по препорака на министерот Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, поради епидемиолошката ситуација во Македонија.

– Ние немаме се уште лице со симптоми или заразено, но по препорака на министерот Венко Филипче и Комисијата за здравствена заштита ни беше укажано дека согласно бројките треба да се подготвиме за онлајн владини седници, изјави пред два дена премиерот Заев за медиумите.

Иако Уставот не дозволува, владејачката СДСМ и премиерот Заев онлајн седници бараат да одржува и Парламентот. Владејачките партии во Законодавниот дом го загубија мнозинството, откако тројца пратеници се позитивни на коронавирусот, од кои двајца се од власта, со што тие сега може да сметаат само на 60 пратеници со физичко присуство.

Според министерот за здравство Филипче, Владата и Собранието треба работат онлајн. Тој на 11 октомври за медиумите посочи дека таква владата и пратениците треба на тој начин да работат се додека не стивне пандемијата.

– Наша препорака од почетокот на кризата е секој што може да работи од дома, онлајн, тоа и да го направи. Тоа важи и за Собранието. Впрочем и пратениците треба да се свесни дека на тој начин го штитат нивното здравје. Нема потреба од групирање, нема потреба од преземање на таков ризик, изјави министерот Филипче.

Сепак согласно епидемиолошката состојба, таквите препораки за заштита на здравјето, без групирање и преземање на ризик очигледно власта не ги дава и за граѓаните кои мора да користат јавен превоз.

Со месеци автобусите на ЈСП се претворени во корона кластери. До власта и Градот Скопје никако да стигнат апелите на граѓаните за пуштање на повеќе автобуски линии, како би се намалиле гужвите во градскиот превоз, со што ќе се заштити нивното здравје.

Моменталната слика во автобусите на ЈСП е повеќе од загрижувачка. Преполни автобуси, со луѓе кои буквално си дишат еден на друг во лице без можност за дистанца од два центиметри, а камо ли препорачаните два метри. Автобусите се уште возат по редуциран возен ред, а се повеќе граѓани поради враќањето на редовните обврски и постуденото време, имаат потреба од користење на јавен превоз. Но, сето тоа е залудно. За градоначалникот Шилегов, нема гужви, а како што претходно изјави треба и да се штеди.

И додека од една страна власта штеди по цена на здравјето на граѓаните кои си ги ризикуваат животите, бидејќи градскиот превоз им е единствено решение, од друга страна за министрите препораката е да седат дома и да не ризикуваат. За владините функционери е опасно, да одат на работа, но според власта гужвите во градскиот превоз не се опасни за граѓаните.

Коронавирус