недела, 24. февруари 2019. Вести денес: 0
home Вести

За викендот сонце и ветер, навечер локален дожд и грмежи

Во Скопје преку ден сончево и топло, попладне ќе настапи наоблачување. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 23 степени.
За викендот сонце и ветер, навечер локален дожд и грмежи

Променливо време не очекува утре со сонце, ветер и локални врнежи и грмежи во вечерните часови.

Температурата ќе достигне до 24 степени, а минималната ќе се спушти до два степена. Од УХМР информираат дека времето утре преку денот ќе се задржи претежно сончево и топло со засилен, особено во западните делови и до силен јужен ветер над 80 км/ч.

Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од 14 до 24 степени.

Во Скопје преку ден сончево и топло, попладне ќе настапи наоблачување. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни локално над 20 л/м2. На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од западен правец (над 70 км/ч), а дневната температура ќе опадне за околу пет степени. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето. (МИА)