среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

ЗА ВИКЕНДИТЕ: Во овие три термини домашните кучиња може да се изнесуваат надвор

ЗА ВИКЕНДИТЕ: Во овие три термини домашните кучиња може да се изнесуваат надвор

Согласно новите мерки за забрана за движење кои на сила стапуваат од денеска во 16 часот, Владата донесе дополнување во однос на домашните миленици.

-На сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), им се дозволува од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, велат од Владата.

За време на викендот, во сабота и недела, кучињата ќе може да се изнесуваат надвор наутро од 08:00 часот до 08:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Притоа, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Коронавирус